Риболовот не е само хоби. Тоа е трпение, знаење и верба во сопствената подготовка. Токму затоа решивме производите на брендот Boilie Academy да ги доближиме до македонскиот пазар – бренд кој од 2005 година развива и усовршува мамки за крапски риболов со јасна филозофија: квалитет без компромис. Boilie Academy е создаден од искуство и директно тестирање на вода. Со години се фокусираат на развој на рецепти базирани на свежи состојки, внимателно одбрани компоненти и сериозно тестирање пред секој производ да стане дел од понудата. Нивните мамци не се резултат на масовно производство без контрола, туку комбинација од искуство, прецизност и постојано унапредување. Низ годините, брендот изгради силна репутација меѓу риболовците кои бараат сигурност, стабилен квалитет и консистентни резултати. Секоја линија на производи се развива со јасна цел – да обезбеди реална предност на вода. Пако-Лео Дооел Скопје е Директен дистрибутер на Boilie Academy за македонскиот пазар. Нашата улога е: Внимателно да одбереме проверени производи, Обезбедиме нивна достапност во Македонија, Понудиме јасни препораки и поддршка, Поедноставиме достапноста на македнскиот пазар без ризик и без претпоставки. Веруваме дека добриот мамец не е случајност. Таа е резултат на знаење, тестирање и долгогодишно искуство. Доколку сакате на вода да излезете со целосна доверба во она што го користите – добредојдовте.
Користиме колачиња за да ви овозможиме најдобро можно искуство на нашата веб-страница. Доколку продолжите да ја користите оваа страница, ќе сметаме дека сте согласни со тоа.