Риболовот не е само хоби.
Тоа е трпение, знаење и верба во сопствената подготовка.
Токму затоа решивме производите на брендот Boilie Academy да ги доближиме до македонскиот пазар – бренд кој од 2005 година развива и усовршува мамки за крапски риболов со јасна филозофија: квалитет без компромис.
Boilie Academy е создаден од искуство и директно тестирање на вода. Со години се фокусираат на развој на рецепти базирани на свежи состојки, внимателно одбрани компоненти и сериозно тестирање пред секој производ да стане дел од понудата. Нивните мамци не се резултат на масовно производство без контрола, туку комбинација од искуство, прецизност и постојано унапредување.
Низ годините, брендот изгради силна репутација меѓу риболовците кои бараат сигурност, стабилен квалитет и консистентни резултати. Секоја линија на производи се развива со јасна цел – да обезбеди реална предност на вода.
Пако-Лео Дооел Скопје е Директен дистрибутер на Boilie Academy за македонскиот пазар.
Нашата улога е:
Внимателно да одбереме проверени производи,
Обезбедиме нивна достапност во Македонија,
Понудиме јасни препораки и поддршка,
Поедноставиме достапноста на македнскиот пазар без ризик и без претпоставки.
Веруваме дека добриот мамец не е случајност.
Таа е резултат на знаење, тестирање и долгогодишно искуство.
Доколку сакате на вода да излезете со целосна доверба во она што го користите – добредојдовте.