Конечно на ред доаѓа линијата на боили која се потпира исклучиво на најважната особина кај крапот при избор на храна – перцепцијата преку вкусовите рецептори.
Без разлика дали станува збор за вкусовите папили на одредени делови од телото на рибата, во устата или на непчаниот перниче, кое понекогаш може да биде особено изразено.
Со правилно, но не претерано дозирање на за рибата атрактивни состојки, овој пат не само преку испуштен food signal, го поттикнуваме крапот кога ќе ја земе или допре мамката на кој било начин, да ги активира своите рецептори и да развие нагон за уште вакви залци.
Линијата Dolce Vita е јасно насочена кон зголемување на апетитот за хранење, што директно ја поддржува тактиката во риболовот која вели: „Повеќе од истата храна е подобра опција!“
Самата боили има груба структура во составот. Збогатена е со јаткасти додатоци, врвни кондиторски бисквити, млечни производи, како и одредени полузачински состојки кои оставаат незаменлив траг во боилата.
Сè е во функција на директен „напад“ врз рецепторите на рибата.
Со ваква вкусова нота, финалниот карактер на аромата го заокружува комбинација на мириси кои можеме да ги опишеме како спој на чоколадо – лешник – слатка крема.
Сензорниот ефект е насочен кон вкусот и мирисот на боилата.
Самото име Dolce Vita е симболично – претставува животна филозофија исполнета со мали секојдневни задоволства и страсти.
Нашата цел е Dolce Vita да стане вистинско задоволство и страст за рибата на нејзиниот бескраен пат во потрага по храна.
480,00 денсо вклучен ДДВ