Bloody Liver 10mm 100ml

Да се пристапи, осмисли, креира и доработи една сосема нова линија на боили навистина бара многу време, особено при соочување со предизвиците што се појавуваат на тој пат.

Често развојот на ваква линија е насочен кон само неколку лица, па логично, времето потребно за сите анализи се продолжува.

Континуирана и сигурна набавка на вакви специфични додатоци, неопходни за оваа линија, е првиот предуслов воопшто да се започне со ваков проект.
Зошто? Затоа што линијата Bloody Liver во својата основна идеја претставува обид да се создаде мамка преполна со лесно достапни, слободни аминокиселини од различни извори.

Во почетните белешки, Bloody Liver беше означена под работниот наслов „Седмица“.
Седум извори на врвни протеини – претежно ензимски третирани и 100% целосно растворливи во вода, или пак прочистени до степен што можат идеално да се користат како чиста храна за рибите.

Некои извори на протеини ја должат својата квалитетност и лесна сварливост на фактот што станува збор за цели организми, дехидрирани заедно со сопствените дигестивни сокови, кои при активирање во смесата на нашата мамка ја започнуваат својата основна функција – разградување и варење на хранливите материи.

На крајот, сето тоа мора да биде во служба на риболовот – односно да обезбеди максимална атрактивност и што побрза реакција на рибата на ваквата мамка-храна, во сите услови.
Затоа, одредени предизвици што ги носат ваквите боили ги решивме со внимателно дозирање на специфична комбинација од зачини, со цел сигналот на микро-локацијата на мамката што подолго да го задржи својот препознатлив тон.

Техничките карактеристики на боилата се груба структура и висока компактност. Производите од групите Frozen и Shelf Life ја задржаа својата растворливост и покрај таа компактност, што значи дека сигналот е постојан и сигурен.

Сензорен ефект: темни, пригушени боили со јасно изразена груба структура.

480,00 денсо вклучен ДДВ