Hookbaits претставуваат највисоко достигнување на секој производител на мамци и секој краполовец кој изработува боили. Тие се директниот контакт помеѓу риболовецот и рибата. Во овој сегмент од производството вложивме најголем напор. Малкумина можат да се пофалат со толку широк асортиман на висококвалитетни ловни мамци.
Различни ситуации на вода бараат различни прилагодувања на мамците за да се постигнат најдобри резултати. Нашата палета на производи – било да се работи за Wafters, Pop-up боили или специјални Tiger Color мамци – гарантира дека секогаш ќе имате адут во рака.
Нашите ловни мамци ги поделивме во три категории:
Balanced Hookbaits
Pop-up Hookbaits
Tiger Color Pop-up
Pop-up мамците се меѓу најпопуларните мамци во краполовот ширум светот. Денес доминира индустриското производство на вакви мамци, кое најчесто се сведува само на боја и мирис.
Нашите Pop-up мамци бараат значителен труд при изработка, но крајниот производ е неспоредлив со сè што постои на пазарот. Во процесот на производство, Pop-up мамците ги третираме термички на посебен начин – над коагулациската точка на врзивниот материјал во нашите Pop-up боили. Овој чекор и неговата прецизност се клучни не само за техничките карактеристики, туку и за она што го нарекуваме „Food Signal“.
Палетата на бои и дијаметри на Pop-up боилите е исклучително разновидна и се движи од 8 mm до 14 mm.
480,00 денсо вклучен ДДВ